Автономните камиони ќе го променат Синџирот на снабдување

Автономните камиони ќе заземаат се поголем дел од секојдневниот живот на специјалистите по Синџирот на снабдување

Во САД веќе беше формирана група на компании кои ќе лобираат пред државните институции за развојот на автономните камиони. Во неа се вклучуваат производители како Volvo и Ford заедно со технолошки компании од рангот на Google. Две од главните причини за брзиот развој на автономните возила се потребата од поголема безбедност и штедење. Специјалисти пресметале дека поради паузите кои возачите треба да ги прават во 24-часовен циклус камионите се користат 40% од времето. Кон тоа се додава и проблемот со наоѓање на возачи, кои стареат. Младите генерации немаат желба да започнат кариера како возачи.

Според експертите автономната технологија ќе одигра клучна улога во промената на Синџирот на снабдување. Ќе се промени дизајнот на мрежите за испорака. Денес компаниите имаат неколку различни дистрибутивни центри. Во иднина се очекува преминот кон помал број, но поголеми места за распределба на стоките. Новата технологија може да придонесе и за скратување на времето на испорака, што неизбежно ќе доведе до нови модели на целиот синџир. Бидејќи ќе биде полесно да се изврши достава, се очекува да се намали и цената на стоките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *