Рускиот пазар на камиони со пораст во 2016 година

Според аналитичката агенција Автостат, пазарот на нови камиони во Руската Федерација во 2016 година изнесува 53 330 камиони.

Тоа претставува лесен пораст за 4,2% во споредба со 2015 година, кога беа продадени вкупно 51.163 нови тешки возила, но и прилично далеку од нивото во 2014 година – 88.004 нови камиони. Лидер на локалниот пазар продолжува да биде најголемиот производител во земјата КамАЗ кој реализира продажба на 20.187 камиони. Зголемувањето на побарувачката за продукција на Камската фабрика за автомобили, е за 15% во однос на реализираните камиони во календарската 2015 година – 17.551 парчиња.

Втората позиција е заземена истотака од локален производител – ГАЗ со вкупно реализирани 7.256 камиони (зголемување на побарувачката за 2,8% во однос на 2015 година – 7.061 камион). Третата позиција е за белорускиот производител МАЗ со 3.298 нови регистрации, како отстапување на позиции во однос на Минската фабрика за автомобили е 9,5% (3.645 продадени камионот во 2015 година, додека во 2014 година бројката беше 7.848). Четвртата позиција повторно е за руски производител – УРАЛ со продадени 2.664 камиони, каде зголемувањето во 2016 година е за 2,2% (2.606 единици во 2015 година).

Scania продолжува да е нај претпочитувана западноевропска марка на рускиот пазар и го зазема петтото место во општата класификација на продажбата по марки во земјата. Во 2016 година шведската марка има продадено 2.518 камиони, додека една година порано резултатот бил 2.547 камиони или пад од 1,1%. Шестото место е за Isuzu со 2.506 парчиња, а седмото за MAN.

За 2015 година само Isuzu и САЗ (Саранската фабрика за влечни возила), имаа раст во продажбата во споредба со претходната година, додека во 2016 година само две компании во првите десет забележуваат пад. Scania има пад од 1,1%, додека намалувањето на пазарот за МАЗ е 9,5%. Кај компаниите со зголемена побарувачка веќе стана збор за КамАЗ, а освен него со добри резултати можат да се пофалат MAN (+ 19,7%), НЕФАЗ (+ 28,8%) и “шампионите” од Volvo со цели 60,3% раст во побарувачката на камиони на рускиот пазар.

Во распоредот на најбараните модели повторно доминира КАМАЗ со 6.511 и 4.311, третото место е за ГАЗ ГАЗон Next, а четвртото место е повторно за КАМАЗ со 6.520. Нај преферираниот западен модел на камион е MAN TGS со 1.860 продадени единици во 2016 година. По него се рангираат предводниците на други три европски марки: Mercedes-Benz Actros (1.728 бр.), Volvo FH (1.219 бр.) и DAF XF (918 парчиња.).

One thought on “Рускиот пазар на камиони со пораст во 2016 година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *