Новиот тест во живо „The Flying Passenger“ на Volvo Trucks

Со „The Flying Passenger“ се бележи уште еден светски новитет на Volvo Trucks. Во најновиот тест во живо, Volvo FH влече параглајдер по планински премин во Хрватска во прецизна акробација која никогаш претходно не била испробана. Возачот на камионот мора да одржува голема рамномерна брзина за да го одржи параглајдерот во воздух. Тестот ги истакнува перформансите на уникатната погонска група на Volvo Trucks, опремена со I-Shift со двојна спојка.

Volvo Trucks се враќа со уште еден спектакуларен тест во живо. За време на возењето кое го одзема здивот, Volvo FH го влече параглајдерот по стрмен планински пат и под тесен свод на висечки мост. Тесниот простор налага возење со голема прецизност со постојана рамномерна брзина и не остава место за грешка. Тестот беше подготвен да ја демонстрира уникатната погонска група на Volvo Trucks, опремена со I-Shift со двојна спојка, која овозможува одлични перформанси и во исто време значително ја намалува потрошувачката на гориво.

„Возењето со високи степени на пренос и обезбедувањето непречено менување на степените на пренос се важни фактори за ефикасно искористување на горивото. I-Shift со двојна спојка овозможува непречено возење додека се вози со високи степени на пренос и мал број вртежи”, рече Стафан Вендеберг, менаџер за производите FH и превоз на долги релации во Volvo Trucks.

volvo 050 paraglider

Освен тоа, уникатниот менувач има важно влијание врз продуктивноста. I-Shift со двојна спојка обезбедува менување на степените на пренос без прекинување на преносот на погонот што осигурува моторот воопшто да не губи вртежен момент при менување на степените на пренос во тешки услови.

„Придржувањето кон роковите и одржувањето мала потрошувачка на гориво, дури и кога се вози по нагорнини и на кривулести патишта, се клучни елементи за успех за многу од нашите клиенти. Овој тест е совршен начин да се стави на испит нашата неодамна надградена погонска група. На многу конкретен и визуелен начин, „The Flying Passenger” илустрира што значат перформансите и управливоста на Volvo Trucks”, рече Клос Нилсон, претседател на Volvo Trucks.

volvo 170 EXTRA

„The Flying Passenger” е најновата епизода од серијалот тестови во живо на Volvo Trucks. Претходните глобални успеси ги вклучуваат „The Epic Split”, „The Hamster Stunt” и „Look Who’s Driving”. Сè на сè, серијалот тестови во живо беше гледан повеќе од 100 милиони пати на YouTube.

Предизвикот беше снимен на Динарските Алпи во Хрватска на затворена траса надвор од пат и под строг безбедносен надзор.

Напишете коментар