Iveco Stralis NP, првиот камион за превоз на долги релации што работи на природен гас, беше избран за Проектот на годината на Европските гасни награди за високи достигнувања.
Тоа се случи за време на Европската конференција на гас и годишната средба на Европската гасната индустрија, која се одржа во Виена оваа недела и собраа повеќе од 450 клучни претставници на различни влади и индустриски лидери – повеќе од 80 производители на гас. За време на конференцијата се разгледуваа прашања поврзани со енергетската иднина на Европа.
За време на вториот ден на конференцијата беа доделени и шестите по ред Европски гасни награди за високи достигнувања. Во категоријата Проект на годината, Iveco и четири други компании ги презентираа најновите и интересни случувања на европскиот пазар на гас. На крајот престижната награда отиде кај новиот влекач за превоз на долги растојанија,кој што работи целосно на природен гас, Iveco Stralis NP.
“Многу сме горди што Iveco повторно доби признание за својата посветеност за одржлив развој. Ние во Iveco навреме предвидовме дека иднината на транспортот е во неразградливи алтернативни решенија. Нашиот Stralis NP е револуционерен камион за одржлив транспорт – тој нуди реална алтернатива на дизел камиони за транспорт на долги растојанија”, рече претседателот на брендот Iveco Пјер Лают.