Историјат

ДС СЕРВИС е фирма која е формирана во 2016 година, чија главна цел е да обезбеди брза, професионална а пред се квалитетна услуга за сервисна тешки товарни возила. Сервисот
располага со затворен работен (сервисен) простор од 2,200 метри квадратни, административен дел 600 метри квадртани и отворен плац (за паркирање на возилата и други работни активности) 15,000 метри квадратни.

Сервисот има современа опрема за тестирање сопирачки, центрирање предница, централен систем за долевање моторно масло, компјутерскадијагностика и наменски алат за ефикасно извршување на работните задачи а се врши продажба на гуми и резервни делови.
Нашиот сервис располага со стручен кадар кој постојано го надоградува своето знаењеи постојано се залагаме за обука на млади кадри во нашата дејност.

За нашата стручност и квалитет говори богата референтна листа која ги вбројува едни од најголемите и најуспешни транспортни фирми во нашата земја, кои секојдневно ни ја даваат нивната доверба.

Наша цел меѓу другото е да бидеме подостапни за нашите клиенти па поради тоа во исчекување е просторно проширување на сервисот, како и воведување нови услуги.
Планирана е изградба на автоматизирана перална и дел за технички преглед за товарни возила.

ДС СЕРВИС е овластен увозник на GOODYEAR, SAVA, FULDA, DUNLOP.